Патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот прилепчанец К.Ѓ., синоќа околу 19:00 часот излетало од патот Битола – Прилеп, кај клучка „Могила“.

Како што е наведено во полицискиот билтен, во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(57) од Прилеп, констатирани во Градската болница – Прилеп, каде што биле пренесени за укажување лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Прилеп.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2020 14:02