На 25.07.2020 во 18 часот во Полициско одделение Арачиново било пријавено дека околу 11.00 часот во с.Грушино од домот се оддалечил Ш.Р.(7) од с.Грушино.

Во 20.15 часот од страна на полициски службеници лицето е пронајдено во потокот крај селото, без знаци на живот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2020 18:38