Четири лица се повредени во напад со нож што се случил утрово во Братислава, соопшти денеска портпаролот на службата за вонредни ситуации Алена Крчова.

Меѓу повредените е и еден тинејџер, а како што соопшти полицијата, напаѓачот е уапсен.

Жртвите се пренесени во болница во Братислава и никој не е во сериозна состојба, додаде Крчова.

Универзитетската болница соопшти дека примила три лица со сериозни повреди и дека веднаш биле оперирани, но никој не бил во опасност по живот.

Тинејџерот бил пренесен во детска болница.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2020 15:44