Возрасен виничаец заврши во државен карантин, тој е и првиот случај во оваа општина, кој не ги почитувам строгите мерки за изолација во домашни услови. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица Виница, а врз основа на Решение со мерка карантин во времетраење од 14 дена, бил спроведен 61 годишниот И.М.од неговиот дом во Виница до објект определен од Владата на Република Северна Македонија хотел во Скопје, поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови.
Вкупно десет жители на источниот регион имаат завршено до државен карантин, поради непочитувањето на мерките, од кои четворица се од Кочанско, тројца од Штипскиот, двајца жители од Светиниколскиот регион и од вчера жител на Виница. Овие лица покрај тоа што завршуваат во државен карантин заразботуваат и кривични пријави по член 206 за непостапување по здравствените прописи за време на пандемија. Полицијата ги доставува до обвинителствата, а обвинителите им ја одредуваат висината на паричната казна.