Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно правно и едно физичко лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи, информираат од ОЈО Гостивар.

– Обвинетиот, како одговорно лице во правното лице – хотел во Маврово, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, дозволил присуство на гости во угостителскиот објект, соопштија од обвинителство



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2020 15:55