СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(43) и В.М.(38), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На 09.05.2020 пријавените се однесувале агресивно кон полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане кои вршеле службени дејствија, а се обиделе и да ги нападнат со секира.