На 27.07.2020 во 23:25 часот било пријавено дека на Граничен премин „Табановце“ – железнички, на влез во Македонија пристигнал меѓународен товарен воз кој се движел на релација од Р.Грција кон Чешка.
При контрола, царински службеник забележал дека една пломба на контејнер била скината, по што бил извршен увид од Јавен обвинител и било констатирано дека непознат сторител ја скинал пломбата и од вагонот одзел палета со 30 кутии со монитори за компјутери.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.