На 27.07.2020 во 19:00 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(65) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, казниво по член 133 од Кривичниот законик.
По преземени мерки било утврдено дека тој, по претходно недоразбирање, со моторна пила исекол гума од приколка, сопственост на неговиот сосед С.Б.(68) од с.Кучевиште и со неа се обидел да го удри.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.