Против седум лица Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти обвинителството, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози со кои за обвинетите предложи парични казни од по 2 000 евра, односно 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Обвинетите, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење, за време на важечки полициски час, без дозвола се движеле на различни локации во градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2020 11:50