Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против Д.С.(37) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казниво по член 149 од Кривичниот законик.

На 21.01.2020 Д.Г. пријавила дека во текот на месец јануари 2020 пријавениот Д.С. бесправно поставувал огласи на неколку веб страни во име на оштетената, при што на огласите го оставал нејзиниот телефонски број, со текст со недолична содржина.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2020 02:14