СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(36) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во јануари 2020 пријавената, со цел да се стекне со противправна имотна корист, го довела во заблуда Ј.М. од Гостивар, тврдејќи му дека може да ја вработи неговата девојка за износ од 1.000 евра.
Тие оствариле средба,при што Ј.М. ѝ дал на пријавената 300 евра и 1.000 денари, по што контактите биле прекинати и договорените средби не се одржале.