СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(25) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
Во март 2019, пријавениот за 300 евра набавил фалсификувана возачка дозвола од лице од Скопје, која ја употребил на граничен премин во Р.Србија, каде била откриена и одземена.