Единесет мигранти од Бангладеш, пронајдени се вчера околу 08.00 часот на автопатот Гевгелија – Неготино, кај наплатна станица „Демир Капија“, при контрола на возилата „БМВ“, со велешки регистарски броеви, управувано од О.Д.(46) и „фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски броеви, управувано од С.М.(37), двајцата од с.Бузалково, Велешко.

Како што информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитниотн центар Гевгелија, за понатамошна постапка.

За настанот е известен јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2020 13:34