Единствениот пратеник кој го доби Демократската партија на Албанците, односно Претседателот на партијата Мендух Тачи и официјално ќе влезе во коалиција со СДСМ.

Азем Садику од ДПА ја потврди информацијата дека по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски која се одржала денеска во Клубот на пратениците била прифатена поканата на Зоран Заев за заедничко коалицирање.

-Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата со претседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата и се формирани работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ, Љупчо Николовски, изјави Садику.

Засега нема информации за тоа кои ресори би и припаднале на ДПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 18:22