Меѓународни експерти врз основа на видео-снимки и последиците укажуваат дека пиротехниката и амонум нитратот ја предизвикаа вчерашната голема експлозија во главниот град на Либан, Бејрут.
Но, амониум нитратот, хемиско соединение што се користи како вештачко ѓубриво, но и како компонента на експлозивот, вообичаено не се активира само од себе, а според експертите најверојатно се запалило од пожарот предизвикан во соседниот магацин со пиротехника.
На видео-снимките во првите моменти од катастрофата се гледааат искри, светлина и чад, што укажува на активирање на пиротехничките средства.
сплозиј
Експертите можат да ја проценат силата на експлозијата мереќи го кратерот што остана по експлозијата.
Судејќи поради големината на кратерот и обемот на штета ширум Бејрут, интензитетот на експлозијата е еквивалент на детонација на околу 2,2 килотони експлозив ТНТ.
Но, се уште не познато што го предизвика пожарот. Пред експлозијата во Бејрут беше сончево, со вообичаена температура од 30 степени Целзиусови.
Либанскиот министер за внатрешни работи Мухамед Фахми во својата изјава за локалните медиуми не спомна запалена пиротехника, но истакна дека експлозијата е предизвикана со детонација на повеќе од 2.700 амониум нитрат, складиран во пристаништето откако беше конфискуван од товарен брод во 2014 година.
Разорувањето предузвикано од експлозијата потсетува на експлозиите на амониум нитрат во бомбашкиот напад во Оклахома Сити во 1995 и на бродот Тексас Сити во 1947 година.