Бројот на заразени од новиот коронавирус во Шпанија денеска ја надмина психолошката граница од 300.000, додека регионалните влади се обидуваат да контролираат околу 500 жаришта ширум земјата.

Во последните 24 часа во Шпанија потврдени се 1.178 нови случаи, а вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на пандемијата достигна 302.814, соопшти од шпанското Министерство за здравство.

Во текот на минатата недела починаа 34 лица, со што вкупниот број на починат лица од Ковид-19 во Шпанија достигна 28.498 лица.

Шпанија беше една од најпогодените европските земји од пандемијата од март, со вонредна состојба што траеше речиси сто дена.

Во последните неколку дена во Шпанија, најмногу позитивни случаи се забележани во северо-источните покраини Арагонија и Каталонија, во главниот град Мадрид и околината, како и во јужната покраина Андалузија.

Властите во овие области ја ограничија работата на ноќните клубови и воведоа парични казни за локалите што не ги почутуваат мерките, но и за граѓаните кои не носат заштитни маски на улиците.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2020 18:45