Обемот на трговијата на мало во Европска унија зво јуни забележа раст од 5,2 проценти во споредба со мај, а во еврозоната порастот е за 5,7 отсто, соопшти денеска Евростат.

Податоците покажуваат дека обемот на малопродажба во ЕУ и во еврозоната се врати на новото од февруари, кога не беа во сила мерките за затворање на економијата поради пандемијата со Ковид-19.

Додека во мај обемот на малопродажбата во еврозоната се зголеми за 20,3 проценти, а во ЕУ за 18,3 отсто.

На годишно ниво, малопродажбата и во еврозоната и во ЕУ во јуни 2020 година забележа раст за 1,3 проценти.

Најголем раст на промет во еврозоната во јуни е забележана во продажбата на горивата за 20,4 проценти, додека на месечно ниво прометот на непрехранбените производи порасна за 12,1 отсто. Од друга страна, месечниот промет на храната, пијалаците и цигарите се намали за 2,7 проценти.

Сличен тренд имаше и во ЕУ, каде продажбата на горивата за автомобилите во јуни порасна за 16,9 проценти во однос на мај, додека прометот на непрехранбени артикли се зголеми за 10,6 отсто, додека храната, пијалаците и цигарите забележаа пад од 2,2 отсто.

Најголем месечен пораст на прометот на мало е регистриран во Ирска (21,9 проценти), пооа следат Шпаниај (16,5) и Италија (13,8 отсто), а накјголем пад има во Австрија (2,5) и Германија (1,6 проценти).



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2020 18:48