Поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе е тестиран позитивно за коронавирусот, само еден ден откако колумбискиот Врховен суд нареди негов домашен притвор за да не влијае врз сведоци.
Алваро нема симптоми на Ковид-19, изјавија од правниот тим на поранешниот шеф на државата.
Колумбија досега има регистрирано речиси 335.000 потврдени случаи на заразени со Ковид-19 и 11.315 смртни случаи.