Германија ја вклучи белгиската провинција Антверпен на нејзината листа на опасни зони, барајќи од патниците кои пристигнуваат од регионот за двонеделна карантин или негативен тест за коронавирусот.
Во Белгија бројот на нови случаи на заразени и смртни случаи повторно се зголемува од крајот на јули, особено во провинцијата Антверпен, поради што германскиот институт Роберт Кох ја прогласи областа за опасна зона.
Бројот на пациенти со коронавирус во белгиските болници е двојно зголемен во изминатиот месец, а епидемијата „се шири интензивно“, велат тамошните здравствени власти.
Белгија почна во мај со олеснување на мерките за спречување ширењето на коронавирусот.
Сега бројот на случаи повторно се зголеми значително, а понатамошно ублажување на анти-епидемиските мерки е одложено и воведени се построги контроли во пристанишниот град Антверпен.
Во Белгија, која има околу 11 милиони жители, досега од Ковид-19 починаа 9.852 лица.