Здравствените власти на Франција регистрираа 1695 нови случаи на коронавирус за 24 часа. Во вторникот, научниот совет што ја водеше Владата во борбата против Ковид-19 предупреди дека Франција нема да биде имуна од втор бран во текот оваа есен, јави дописникот на МИА.

Вкупниот број на смртни случаи од „Ковид-19“ во земјата достигна 30305. Додека бројот на хоспитализирани со вирусот е 5114, што е намалување за 14 лица од претходниот ден. Во одделенијата за реанимација и интензивна нега, каде што беше забележано зголемување на креветите зафатени од пациенти со „Ковид-19“ бројките флуктуираат во последниве денови, ставајќи му крај на континуираното движење надолу што беше забележано од 9 април (384 наспроти 388).

– И за време на одмор, дури и во лето, вирусот сè уште активно циркулира. Затоа, сите сме загрижени, потенцира Општата дирекција за здравство, која уште еднаш повикува на почитување на физичкото растојание и заштитните мерки во однос на најстарите и најранливите.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2020 00:20