Заложничката драма почна попладнево околу 17 часот во центарот на градот Ле Авр-Нормандија, кога вооружен маж упаднал во просториите на банката БРЕД, булевар де Стразбур, јави дописникот на МИА.
Седум клиенти во тоа време биле во банката. Три лица сè уште се држат внатре, соопшти полицијата. Три лица, меѓу кои и една жена, беа ослободени од страна на напаѓачот, додека еден 53-годишен маж успеа да избега.
Напаѓачот има неколку побарувања, според информациите на Радио Франс би можеле да бидат од верска природа. Мобилизирани се големи полициски сили, а специјалните сили за интервенција пристигнаа исто така пред банката. Во моментов нема жртви.