Водечкиот американски епидемиолог, доктор Ентони Фаучи соопшти дека добил смртни закани поради работата што ја извршува во врска со пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за закани, прецизира Фаучи, кои биле упатени кон него, но и неговото семејство и малтретирање на неговите ќерки, поради што, додаде тој, ќе мора да ангажира обезбедување.

– Тоа е неверојатно, посакувам да не мораа да поминуваат низ тоа, рече Фаучи, член на оперативната група за коронавирусот на Белата куќа.

Фаучи, кој беше во центарот на интересот на јавноста за време на пандемијата, имаше бројни јавни несогласувања со американскиот претседател Доналд Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2020 00:33