Стејт департментот го укина четвртиот степен на советот против патување во земји низ целиот свет, откако ги предупреди Американците да не патуваат во странство пред повеќе од четири месеци.

– Ова исто така ќе им обезбеди на граѓаните на САД детални информации за актуелниот статус на секоја земја. Ние продолжуваме да им препорачуваме на американските граѓани да бидат внимателни кога патуваат во странство поради невидливата природа на пандемијата, пишува во соопштението од Стејт департментот.

И покрај укинувањето на советот од страна на Стејт департментот, американските патници и натаму се соочуваат со ограничувања на патување во земји ширум светот, како резултат на зголемениот број случаи на Ковид-19 во САД.

На 19 март Стејт департментот објави совет од четвртиот степен „Не патувајте“, што е највисоко ниво на советот за патување,повикувајќи ги Американците да не патуваат во странство поради коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2020 17:42