Германските здравствени власти откриле ново жариште на коронавирусот во округот Гепинген, северно од Штутгарт, а се работи за матуранти кои, според германските медиуми, се заразиле додека биле на одмор во Хрватска.

Германскиот портал T-online.de јавува дека коронавирусот е потврден кај десет матуранти по враќањето од Хрватска.

Матурантите биле на островот Паг, а нивното патување го организирала туристичка агенција специјализирана за забавни патувања.

Портпаролката на округот Гепинген објасни дека прво се откриени девет случаи, а потоа и десеттиот и оти сите се во изолација. T-online.de наведува дека матурантите ги забележале првите симптоми по враќањето од одморот.

На одмор биле 15 од нив, а 50 лица со кои биле во контакт се во карантин веќе две недели.

T-online.de додава дека уште заразени лица кои се вратиле од други земји и сојузни држави на Германија.

Хајнц Пехлер, раководител на институтот за јавно здравје на округот Гепинген, изјави дека коронавирусот во моментов се открива се почесто кај луѓе кои се враќаат од Балканот.

– Овој случај јасно го покажува ризикот од патување и организирање забави за време на пандемија и колку брзо вирусот може да се прошири во една група, пренесува „Велт“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2020 18:17