Две 18-годишни девојки се вратиле во италијанскиот град Падова заразени со коронавирусот по летен одмор во Хрватска, поради што 24 матуранти од провинцијата Венето ќе бидат во изолација, јавија денеска италијанските медиуми.

Тие биле на матурска екскурзија на Паг, а сите од класот кои отишле на патувањето ќе треба да бидат тестирани за вирусот ковид-19, пренесува Кориере дела сера.

– Последното лето на забава после средно училиште и пред заминување на факултет или вработување завршува на неочекуван начин, пишува италијанскиот весник.

Претходно и германските здравствени власти соопштија дека откриле ново жариште на коронавирусот во округот Гепинген, северно од Штутгарт, а се работи за матуранти кои, според германските медиуми, се заразиле додека биле на одмор во Хрватска, односно на Паг.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2020 01:34