Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источен Алжир, во кој нема повредени или загинати луѓе, соопшти Службата за цивилна заштита.

Земјотресот уништил три куќи, меѓу кои и четирикатна вила, додека 31 станови се оштетени, а луѓето во паника излегле на улиците.

По земјотресот имало уште еден потрес со јачина од 4,5 степени.

Земјотресот ја погоди провинцијата Мила, на околу 350 километри источно од главниот град на Алжир.

Потресот предизвикал оштетување и на патиштата, кои се затворени за сообраќај.

Земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди Алжир во 2003 година во кој загинаа 2.000 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2020 01:41