Германија и Франција ги напуштија преговорите за реформата на Светската здравствена организација (СЗО), фрустрирани од обидите на САД да ги водат преговорите, иако Вашингтон одлучи да ја напушти таа организација.

Нивниот потег е удар за американскиот претседател Доналд Трамп затоа што Вашингтон, кој моментно е претседател на Г7, се надеваше дека ќе објави најави план за сеопфатна реформа на СЗО во јуни, два месеца пред претседателските избори во САД.

„Никој не сака да биде вклучен во реформскиот процес и да добие нацрт од земја што штотуку ја напушти СЗО“, рече висок европски функционер што учествува во преговорите.

На прашањето за потврда на одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија немаа коментари.

Сепак, француското Министерство за здравство објави дека САД не треба да бидат лидер во реформата на СЗО, бидејќи тие имаат намера да ја напуштат таа организација.

На прашањето за ставот на Франција и Германија, висок функционер на администрацијата на Трамп рече дека сите членови на Г7 експлицитно ја поддржуваат идејата за реформа на СЗО.

„Сепак, жално е што Германија и Франција на крајот решија да не влезат во групата во прифаќањето на планот“, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2020 16:26