Преговарачките тимови на Белата куќа и демократите не успеаја да договорат за програма за стимулирање на американската економија поради последиците од пандемијата на коронавирусот, јавија американски медиуми.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вети дека ќе преземе еднострано дејство, ако не се постигне договор со демократите за стимулативна програма за надминување на негативните ефекти од пандемијата на коронавирусот.
Трамп е решен да го укиме данокот на плати на сите американски граѓани до крајот на оваа година, и најави дека ќе донесе еднострана одлука за тоа прашање, доколку не постигне договор со демократите во Конгреспт.
Според американски медиуми, Трамп најавил суспендирање на данокот на плати и по 2020 година, доколку тоа го бара епидемиолошката состојба во земјата, проширени изфвојувања за невработените и други мерки за помош од последиците од епидемијата на вирусот.
– Ако демократите продолжат да го опструираат овој важен план за помош, јас ќе донесам одлука во рамките на моите претседателски овластувања, така што државната помош ќе стигне до Американците на кои им е потребна, рече Трамп на прес-конференција.
Тој најави извршна наредба за тоа прашање до „крајот на неделава“, без да прецизира дали тој значи крај на оваа или следната недела.