Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прими ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими во Белата куќа на 20 август, со кого ќе разговара за пандемијата на коронавирусот, безбедносната состојба, енергетиката и економијата, соопшти Белата куќа.
Ал Кадими е трет ирачки премиер по хаотичните, насилни 10-неделни протести во земјата, осиромашена за време на години на војна, санкции, економски тешкотии и корупција.