Ален Лихтман, професор по историја на Американски универзитет во Вашингтон, познат по точноста на своите прогнози за изборните разултати, предвидува победа на Џо Бајден, јави Си-ен-ен.

Лихтман прогнозира резултати на изборите и други важни гласања од 1984 година, и оттогаш до денес осум пати точно погодил кој ќе биде победникот, а само еднаш погрешил, и тоа во 2000 година, кога предвиде победа на Ал Гор, но изборите тогаш ги доби Џорџ Буш -помладиот. Но исходот од тие избори беше неизвесен поради нарушувања со пребројувањето гласови во Флорида, со што професорот смета дека неговата прогноза била точна.

За посочување на победникот Лихтман користи свој систем наречен „13 клуча до Белата куќа“. Суштината на овој систем се 13 прашања на кои може да се одговори само со „да“ или со „не“.

Ако одговорот на шест или повеќе прашање е „да“, таквиот резултат секогаш укажува на тоа дека победа ќе оддржи актуелната партија на власт. Ако одговорот на шест или повеќе прашање е „не“, избирачите тогаш се настроени против партијата на власт.

Прашањата се поврзани со економската ситуација во земјата, социјални немири, постоење на скандали, сериозни успеси и неуспеси на кандидатите но и нивната лична хариизма.

Професорот и овојпат зададе такви прашања и одговори на нив, по што резултатот укажува дека сегашниот претседател, републикамецот Доналд Трамп, нема да успее на повторен избор за втор мандат, а нов шеф на државата, најверојатно, ќе стане Џозеф Бајден, кандидат на Демократската партија.

Професорот Лихтман на овој начин ја предвиде победата на Трамп на изборте во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2020 01:39