Францускиот претседател Емануел Макрон му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека американските санкции против шиитската група Хезболах, поддржана од Иран, одат кон оние кои треба да бидат ослабени, изјави официјален претставник на Елисејската палата.
Говорејќи пред донаторската конференција за помош на Либан, чиј домаќин е Франција, а на која ќе присуствува Трамп, официјалниот претставник рече дека Макрон во телефонскиот повик во петокот му рекол дека Соединетите Американски Држави треба да „реинвестираат“ во Либан за да помогнат во обновата.
Францускиот официјален претставник исто така рече дека има доволно елементи за да верува дека експлозијата што го опустоши Бејрут во вторникот била случајна.