САД планираат да го намалат своето воено присуство во Авганистан на „помалку од 5.000“ до крајот на ноември, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер во интервју за „Фокс њуз“.

Контигентот на САД во Авганистан во моментот е околу 8.600 војници.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно дека САД планираат да ја намалат својата војска во Авганистан на околу 4.000.

На 29 февруари САД и талибанците потпишаа мировен договор во Доха. Според договорот, САД и сојузниците и меѓународната коалиција ќе ги повлечат сите трупи од Авганистан во рок од 14 месеци. Талибанците, од своја страна, гарантираат дека нема да ја користат авганистанската територија за активности што ја загрозуваат безбедноста на САД и сојузниците.

До почетокот на меѓуавганистанските разговори за постојан и сеопфатен прекин на огнот, до 5.000 приврзаници на талибанците и до 1.000 лица што се држат како затвореници треба да бидат ослободени како мерка за градење доверба.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2020 01:31