Кубанските власти повторно воведоа строг карантин во Хавана, поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот. Властите наредија затворање на ресторани, барови и базени, прекин на јавниот превоз и забрана за пристап до плажа.

Куба, која може да се пофали со ретка успешна приказна во Јужна Америка кога станува збор за контрола на коронавирусот, ги олесни ограничувањата во движењето минатиот месец откако бројот на заразени падна на само неколку на ден. Но, во последните две недели повторно се искачи на нивоата од април.

Министерството за здравство вчера соопшти за 59 случаи и предупреди дека ситуацијата може да излезе надвор од контрола ако властите не направат ништо.

Здравствениот систем е заслужен, заедно со мерки како што е строга изолација на болните и нивните контакти, што бројот на заразени е помалку од 2.900 и има само 88 смртни случаи од население од 11 милиони.

Многу од новите случаи, 41 од 59 пријавени вчера се увезени, главно од Венецуела. Ова се веројатно здравствени работници кои работат таму, а чиј број се проценува на 20 000.

Сите патници кои влегуваат во државата мора да поминат 14 дена во карантин во државна институција.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2020 01:38