Лоја Џирга, големо собрание на племенски старешини на авганистанскиот народ, кое брои околу 3.000 делегати, денеска донесе одлука да ослободи 400 од талибанските борци од затвор.

Со тоа се отвора патот за почеток на мировните преговори во Авганистан, се вели во соопштението на тоа тело.

Авганистанската Влада ја свика Лоја Џирга во Кабул во петокот да донесе одлука за судбината на стотици притвореници на талибанците, чие ослободување го условуваа од движењето талибанците за да започнат мировни преговори со Владата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2020 01:43