Папата Франциск денеска повика на меѓународна солидарност со Либан, по експлозијата што се случи оваа недела и уништи голем дел од Бејрут.

– Катастрофата што се случи во вторникот налага на сите нас, почнувајќи од либанскиот народ, да работиме заедно за општо добро на таа сакана земја, рече Папата по неделната молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.

Тој ги повика верските водачи во Либан да бидат пример во тоа, пренесува Гардијан.

– Црквата во Либан треба да биде со народот во овој момент кога му е потребна солидарност и сочувство, рече папата Франциск, повторувајќи го својот повик за помош од меѓународната заедница.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2020 02:25