Израелски дизајнери работат на изработка на најскапата медицинска маска во светот. Цената, како што се предвидува, ќе изнесува скоро 1,5 милиони долари.
– Маската се состои од 18-каратно бело злато, а ќе биде украсена со 3.600 бели и црни брилијанти. По желба на клиентот, може да бидат додадени филтри Н-99, изјави дизајнерот Исак Леви, на компанијата за накит.
Порачката за една таква маска е на кинески бизнисмен кој живее во САД. Според изработувачите, маската ќе тежи околу 270 грама, што е речиси 100 пати повеќе од обичната медицинска маска.
– Една ваква маска може да биде сериозен предизвик во време на економска криза, кога стотици милиони луѓе ги загубија своите приходи, смета Леви.
Од друга страна пак, нарачката е добродојдена за неговата фирма којашто како и цел свет се соочува со корона-кризата.