Министерката за правда на Либан, Мари-Клод Наџм денеска поднесе оставка. Таа е трет министер што поднесува оставка по експлозијата во бејрутското пристаниште, при што загинаа над 150 луѓе.
Министерката за информации Манал Абдел Самад и министерот за животна средина Катар Демианос вчера поднесоа оставки.
Истражен судија денеска почна да ги испитува директорите на безбедносните агенции на Либан за разорната експлозија.
Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 158 луѓе, а 6.000 се повредени, додеа 20 се водат како исчезнати. Експлозијата беше предизвикана од 2.700 тони амониум нитрат, складиран во пристаништето во Бејрут пред шест години.
По експлозијата во Либан почнаа протести, а демонстрантите бараат оставка од Владата.