Стоките произведени во Хонг Конг за извоз во САД по 25 септември ќе треба да имаат етикета Направено во Кина (Made in China), објави денеска американската Влада, што значи дека компаниите во Хонг Конг ќе бидат подложени на истите казнени тарифи кои се наплатуваат за извозниците од Кина.

Овој потег доаѓа откако САД одлучија да го укинат специјалниот статус на поранешната британска колонија, поради воведувањето на кинескиот закон за национална безбедност во Хонг Конг, што дополнително ги затегна односите меѓу двете светски сили, кои веќе беа нарушени со трговската војна и обвинувањата на САД кон Кина за постапувањето за време на пандемијата на коронавирусот.

Најновиот чекор на САД значи дека компаниите во Хонг Конг ќе подлежат на исти казнени тарифи што им се наплатуваат на извозниците од Кина, доколку произведат стока што е предмет на тие царински давачки, се наведува во известувањето на Управата за царина и гранична заштита на САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2020 15:29