Белорусија е подготвена за конструктивен дијалог со странските партнери и може да обезбеди убедливи факти за странско мешање во актуелната ситуација во земјата, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи.

„Ние предлагаме објективно и без емоции да се разбере што, како и зошто се случува денес во Белорусија. Ние сме подготвени за конструктивен и што е најважно – објективен дијалог на оваа тема со сите странски партнери. Ние сме подготвени да презентираме непобитни факти кои ја откриваат позадината на тековни настани, вклучително и интервенција од странство“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Белоруското МНР го оквалификува како неприфатливи изјавите на серија европски лидери за претседателските избори во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2020 23:55