Германија изрази сомнеж во квалитетот и безбедноста на руската вакцина против коронавирусот и посочи дека лек, односно вакцина, може да се регистрира во Европската унија само откако ќе бидат спроведени сите клинички испитувања.
– Безбедноста на пациентите е најголем приоритет. Нема податоци за квалитетот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина, изјави портпаролката на Министерството за здравство за германската мрежа РНД.
Претходно денеска, рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија е првата земја што регистрирала вакцината против Ковид 19, по помалку од два месеци тестирања врз луѓе.