Поради мерките воведени против епидемијата на коронавирус, Норвежанка и Швеѓанец решија да стапат во брак на самата граница меѓу двете земји.
– На почетокот тоа беше шега, рече Хајди Керолин Нистром, која во неделата се омажи за Вили Лисел.
Двојката 60-годишни свршеници, нетрпеливо чекаше крај на ограничувањата за патување меѓу Шведска и Норвешка уште од пролетоска, но залудно. Во Норвешка, строгите услови сè уште важат за патниците кои одат во југозападна Шведска, каде и двајцата живеат.
– Тогаш рековме: Па зошто да не се венчаме на границата?, рече невестата, која сакала кума да биде нејзината мајка, која бидејќи е на норвешката страна не е под закана од карантин.
Свадбата се случи на стариот мост Свинесунд, 100 километри јужно од Осло. Двојката, која води дуќан во шведскиот пограничен град Сремстад, поканила неколку лица на церемонијата, како и двајца музичари.
– Требаше да биде дискретна свадба, рече невестата, која била изненадена од вниманието предизвикано од церемонијата.
Невестата уште рече дека на свадбата се почитувале сите епидемиолошки мерки.
– Немаше бакнување, освен мојот бакнеж со Вили. Дури ни мајка ми не ја прегрнав, истакна Нистром.