Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека во случај на натамошно ширење на коронавирусот, таа ќе одлучи дали да го распушти Парламентот и да свика избори или да ги одложи.

По откривањето на нови случаи на инфекција, за првпат во повеќе од три месеци, во државата повторно се на сила вонредни рестриктивни мерки.

Официјални лица во Нов Зеланд ја испитуваат можноста вирусот да е увезен преку замрзната увезена стока затоа што еден од новозаразените работел во погон за замрзнување риба од Кина.

Сепак, официјалните лица во таа земја се убедени дека изворот на новите инфекции не е од локално потекло, тие веруваат дека е од странство.

Сепак, епидемиолозите тврдат дека е речиси невозможно вирусот да се увезе преку замрзнати производи и најавија резултати од анализи од сите површини во погонот за замрзнување каде што работел заразениот работник.

Ограничувањата во Оукланд се построги отколку во остатокот од земјата, затоа што на жителите на тој град им било наредено да не ги напуштат своите домови, освен кога одат за да купат намирници и лекови.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2020 11:45