По само неколку дена од почетокот на новата учебна година, во некои германски покраини се борат, пред правни инстанци, против обврската за носење заштитни маски за време на часовите во училишта.

Вишиот управен суд во Минстер доби неколку тужби заради обврската да се носат маски за време на часовите во училиштата.

Семејство од Еускирхен во Рајнланд сака да добие мислење на судот во забрзана постапка дали мерката донесена од провинцијата Северна Рајна Вестфалија е во согласност со законот.

Високиот суд исто така доби жалба поднесена до судот во Дизелдорф од ученик од Нететал, кој сака укинување на обврската за носење маски за време на часовите.

Според портпаролот на Високиот суд, се уште не е познато кога судот ќе донесе одлука.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2020 16:29