Гијом Гомез, готвач во Елисејската палата, даде неколку детали за исхраната на претседателскиот брачен пар Макрон. Исхрана која е полесна во калориите и за буџетот од некои од нивните претходници, јави дописникот на МИА.

-Ја знаеме љубовта на Емануел Макрон за Сините кордони ( Вообичаено похована шницла од птичје месо со кашкавал), но тие не се дел од режимот што секојдневно го имаат во Елисејската палата.

Ако некои претседатели на Републиката, како Жак Ширак, сакале да ги вкусат класиците на француската гастрономија, сегашниот шеф на државата сака да биде поскромен.

-Дури и ако сте овде на место вкоренето во историјата, со позлатени ѕидови, сепак тоа не е замрзнато во минатото. Никој не јаде оброци што го правевме пред дваесет и пет години. Сега оброците се побрзи, полесни , коментира Гијом Гомез, кој беше прогласен „Најдобар работник на Франција во категоријата готвачи, кога имаше само 25 години.

Оброците се јадат побрзо, а буџетот е намален. Љубител на лепче (кроасан) со чоколадо, за време на мандатот на Никола Саркози, „Судот на ревизори побара да се обрне внимание на буџетот, а Елисејската палата секогаш сака да биде примерен“.

За да се постигне оваа примерност, со храната се управува домаќински.

-Служењето се прави во фрацуски стил, гостите сами се служат, ова ни овозможува да ги користиме преостанатите остатоци, еден ден по државничка вечера, заоброци за персоналот, вели Гијом Гомез.

Сепак, мал исклучок за претседателската двојка:

-Тие избираат што јадат, со предлог што им го давам. За сите други јас го наметнувам менито водејќи сметка за залихите, вели првиот готвач на Елисејската кујна.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2020 16:34