Сопственикот на Си-Би-Ес (CBS) и на „Вајаком“ (Viacom), Самнер Редстон почина на 98 години, соопшти холдингот „Нешенал амјузментс“ (National Amusements), кој ја контролира компанијата „ВајакомСи-Би-Ес“.

Редстон до 2016 година беше претседател на управниот одбор на Си-Би-Ес и на Вајаком.

Toj во голем број интервјуа тврдеше дека е крал и оти никогаш нема да умре.

Медиумите често пишуваа за неговите врски, но и за неговите несогласувања со неговите деца.

Редстоун двапати се женеше и двапати се разведуваше и од првиот брак има две деца.

Според „Форбс“ богатството на Редстоун се проценува на 4,6 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2020 21:50