Последната деценија беше најтопла од мерењето на температурите на воздухот, потврдија научниците.

Извештајот, во кој се предупредува на последиците од глобалното затоплување, го направија 520 научници од 60 држави, и покажува дека секоја декада од 1980 година е потопла од претходната, пишува британскиот Гардијан.

Најтопол период е од 2010 до 2019 година, а температурата значително се зголеми од 2014 до 2019 година, кога беа поставени и рекорди.

Ова е период кога Европа, САД и Индија беа погодени од топлотни бранови. Тогаш беа измерени и високи температури на Арктикот, а пожари беснееја од Калифорнија, преку Грција до Австралија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2020 11:32