Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска ја обвини Грција дека создала тензии во регионот на Источен Медитеран и ја повика Атина да го почитува турските права.

Тој на состанокот со претставници на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) посочи дека дијалогот и преговорите се единствено решение за спорот со Грција за истражувањето на нафта и гас во Источен Медитеран.

– Патот за решавање на проблемот во Источен Медитеран се дијалогот и преговори. Не се впуштаме во непотребни авантури и не бараме тензии, посочи Ердоган.

Изминатите недели се зголемени тензиите во регионот поради одлуката на Турција да почне да истражува во Медитеранот, што за Грција е нелегален потег.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2020 13:40