c Белгиските истражувачи и власти изјавија дека пилот програмата може да се примени и на другите универзитети, училиштата или компаниите ако се покаже успешна во брзото откривање на жариштата на инфекцијата помеѓу студентите.

Предвидено е околу 30.000 студенти и професори од Универзитетот во Лијеж да ги користат домашните тестови за самотестирање и да носат епрувети со примерок од плунката секоја недела во универзитетската лабораторија до декември. Предвидено е резултатите да ги добијат истиот ден.

Според претходно објавена студија на Белгиската агенција за лекови, тестовите на плунката во голема мера би можеле да го зголемат капацитетот на тестирање, а резултатите се добиваат побрзо отколку кај класичните тестови, но се помалку прецизни, бидејќи е поверојатно да биде откриен вирусот во носот или задниот дел на грлото, отколку во плунката.

Со назалните тестови вирусот на Ковид-19 се открива во 80 отсто од случаите, додека процентот при тесовите со плунка изнесува 60.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 01:44