Москва ги повикува источноевропските партнери да ги измерат ризиците и да ги разгледаат последиците од распоредувањето американска војска на ротирачка основа на нивна територија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Сега станува збор за појава на постојан воен контингент на САД и нејзините сојузници во Источна Европа на места каде што досега не биле присутни. Тоа, доколку се спроведе би го загрозиле Основачкиот акт НАТО – Русија од 1997 година, главно во смисла на распоредување на „значајни воени сили во новите земји-членки на алијансата“, рече Захарова за време на денешниот брифинг.

– Сето ова сведочи за намерата на САД и нејзините сојузници од НАТО да продолжат да следат курс на тензии по должината на границата со Русија на штета на европските безбедносни интереси. Ваквите провокативни активности нема да поминат без одговор од страна на Русија. Овој факт мора да се земе предвид во главните градови на овие источноевропски земји, кои работат кон негување на русофобија, со канењето американски војници, смета Захарова.

– Ги советуваме внимателно да ги одмерат сите ризици и сериозно да ги разгледаат последиците, рече Захарова.

САД планираат да повлечат вкупно 12.000 американски трупи од Германија, од кои повеќето (6.400) ќе се вратат дома, а останатите ќе бидат прераспоредени во земјите членки на НАТО во Европа, вклучувајќи ги Италија. и Белгија. Седиштето на американските сили во Европа се планира да биде префрлено од Германија во белгиски Монс, информираше командантот на американските сили во Европа, генерал Тод Волтерс. Седиштето на главниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа сега се наоѓа во Монс.

Откако објави дека ги повлекува трупите од Германија, САД соопшти дека ќе испратат 1.000 војници во Полска, покрај 4500 кои се веќе распоредени таму.

Иницијатива за воена воздржаност на Русија, финансирана од американскиот Конгрес во последните пет години, предвидува зголемување на присуството на американските трупи во Источна Европа на ротирачка основа.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 01:47