Северна Кореја одлучи да воведе построги мерки во борбата против коронавирусот, а некои од нив вклучуваат мерење телесна температура, употреба на средства за дезинфекција и носење заштитни маски.

Северна Кореја, чиј лош здравствен систем тешко би се справил со епидемијата на коронавирусот, сè уште тврди дека нема случаи на вирусот, но прогласи вонредна состојба на крајот на јули, откако го потврди првиот потенцијален пациент кој нелегално ја премина границата со Јужна Кореја, пренесува yahoo.news . Се уште не е соопштено дали таа личност била заразена.

На фотографии објавени вчера се гледа како патници со заштитни маски чекаат во ред за дезинфекција на рацете пред да влезат во автобус, и како носат маски за лице на железничка станица додека чекаат да им се измери температура.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 01:53